top of page

A NEW DAWN FOR MACEDONIA STARTS WITH US

1. Антикорупција во Македонија: Јакнење на независните институции за борба против корупцијата

Updated: 2 days ago


Забелешка до нашите читатели

Алијансата на македонските граѓани е независно, над-партиско движење посветено на тоа да им даде вистински глас на граѓаните во борбата против корупцијата и во градењето праведна, транспарентна и просперитетна иднина за Македонија. Ние не сме за или против било која политичка партија. Ќе поддржиме секоја иницијатива на владата или опозицијара што се спротивставува на корупцијата и ја промовира чесноста и напредокот, но истовремено ќе бараме одговорност од сите партии, лидери и институции – без разлика на нивната политичка припадност. Македонија има доволно од поделби. Ако верувате дека политичките лидери и оние на јавна функција треба да им служат на граѓаните со чесност и интерестите на граѓаните да им бидат приоритет, поддржете нè. Нашата улога е да се осигураме дека секоја партија, секој функционер и секоја институција ќе работи чесно – за да ја обновиме довербата и заедно да изградиме подобра држава за сите.


Ако Македонија сака иднина без стегите на корупцијата, првиот чекор мора да биде враќање на интегритетот на институциите. Предолго, нашите таканаречени независни тела—антикорупциски комисии, судски органи, државни ревизори—беа марионети на политичките партии, оставени без ресурси и лишени од вистинска моќ. Резултатот? Систем кој ги штити моќните, а ги казнува чесните. Тоа мора да престане.


Важноста на вистинската независност

Најефикасните антикорупциски тела во светот функционираат со целосна автономија. Заштитени се со закон, имаат соодветно финансирање и се водени од професионалци избрани преку транспарентен и меритократски процес. Тие не одговараат пред политичари, и не можат да бидат разрешени затоа што си ја вршат работата. Во Македонија, нашите институции мора да станат чувари, а не слуги.


За да го постигнеме тоа, мора да ја вградиме независноста и во законите и во

културата. Не е доволно да пишува „независна“ на хартија. Мора да се обезбедат

гаранции дека ниту една влада, партија или приватен интерес не може да влијае на

назначувања, истраги или обвиненија. Само тогаш ќе почне да се враќа довербата на

јавноста.


Финансирање и капацитет: Нема повеќе изговори

Премногу често, недоволното финансирање се користи како политичка стратегија за да се одржат институциите слаби. Национална антикорупциска комисија без истражни ресурси е како војник без оружје. Осудена е на неуспех. Нашите институции мора да имаат соодветни ресурси—не само финансиски, туку и стручен кадар, современа технологија и пристап до податоци во реално време.


Дополнително, потребна е интеринституционална координација. Антикорупциската комисија, Канцеларијата за финансиско разузнавање, Јавното обвинителство и Државниот завод за ревизија мора да работат заеднички—не одвоено. Корупцијата е софистицирана. Таков мора да биде и нашиот одговор.


Лидери кои водат со пример

Мора да промениме и кој ги води овие институции. Назначувањата мора да бидат

базирани на заслуги, а не на политички услуги. Интегритетот мора да биде поважен од

лојалноста. Јавноста треба да има пристап до критериумите за избор, а граѓанското

општество мора да има вистински глас во процесот. Време е да ги подигнеме

професионалците со чиста биографија, докажана стручност и храброст да

дејствуваат—без разлика кој е на власт.


Понатаму, овие институции мора да даваат отчет пред јавноста. Годишни извештаи, јавни брифинзи и отворени портали за податоци треба да бидат задолжителни. Влада што ги крие антикорупциските податоци веќе ги има изневерено граѓаните.


Од послушност кон отпор

Ерата на институционална послушност мора да заврши. Нашите агенции мора правно да бидат обврзани да го гони коруптивното однесување, дури и ако тоа води до врвот на власта. Никој не е над законот—ни министри, ни градоначалници, ни партиски лидери. Овластена антикорупциска институција не е закана за демократијата—таа е нејзин чувар.


Времето е сега

Ова е момент на пресврт. Нашите граѓани гледаат. Нашите млади заминуваат. Нашата иднина виси на конец. Враќањето на институционалниот интегритет не е само за да го поправиме минатото—туку за да изградиме иднина во која ќе веруваме. Македонија каде јавната служба значи служење на народот. Македонија каде вистината не се казнува, туку се штити.


Ако сакаме да ја победиме корупцијата, мора да ги ослободиме институциите што беа создадени да се борат против неа.


Д-р. Елена Спасовска

Ко-основачka и претседателka, Алијанса на македонските граѓани

Д-р Елена Спасовска е експерт за градење мир, еднаквост и демократско управување. Родена и израсната во Македонија, таа е дипломиран правник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, магистер на Универзитетот во Барселона и доктор на науки по меѓународни односи на Универзитетот на Јужна Австралија. Елена има предавано и учествувано во истражувачки проекти на водечки австралиски универзитети. Нејзината академска работа опфаќа глобална политика, развој, меѓународна безбедност, социјална правда, трговија со луѓе и постконфликтно владеење. Таа носи ретка комбинација од академска длабочина и јавен активизам, со јасна мисија: да се искорени корупцијата и да се обноват надежта, достоинството и можностите за сите граѓани на Македонија.


Алијанса на македонските граѓани

🌐 Веб-страница: www.macedonianalliance.com

📘 Фејсбук страница: facebook.com/MacedonianCitizensAlliance

👩‍⚕️ Фејсбук на д-р Елена Спасовска: facebook.com/DrElenaSpasovska

Comments


bottom of page